Започна доделувањето на картички за зелена нафта за земјоделците од тетовскиот регион

0
19

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, лично ги додели првите десет картички за зелена нафта кои покриваат 50 % од трошоците од овој дериват кој ќе го искористат  земјоделците од тетовско, поточно од општините Тетово, Брвеница, Јегуновце, Желино и Теарце. Ќе бидат доделени 1304 картички, со вкупно вредност од 4.3 милиони евра.

Дел од земјоделците реагираат дека картичките требаше да започнат да се доделуваат од почетокот на годинава.

На ниво на цела држава ќе се доделат картички за зелена нафта со вредност од над 220 милиони денари.