Започна првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово

0
16

Од денеска започна првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово кој ќе трае четири дена, односно до 3 септември.

Првичните резултати ќе бидат објавени на 6, а конечните на 7 септември.

-Годинава на нашиот универзитет ќе се запишат студенти на 13 – те академски наставни програми. Интерес има, а кандидатите како секоја година се надеваат дека ќе станат наши студенти. Воедно сакаме да упатиме апел при уписот да се запазат и почитуваат сите здравствени протоколи против Ковид 19,  соопштија од Универзитетот во Тетово.

Вториот уписен рок ќе трае од 14 до 17 септември , а ќе има и трет уписен рок на 27 и 28 септември.