За Груби сервисирањето на канадерите било скапо ,а прославата на Рамковниот евтино

0
17

Вицепремиерот Артан Груби најави дека во најскоро време авионите за гаснење на пожар ќе бидат однесени на сервис во Хрватска иако тоа ќе чинело многу повеќе од предвиденото во тендерот.

Тој вели дека цените се нагло пораснати повеќе од 50 проценти од она што е предвидено во тендерската постапка и затоа пропадале претходните две постапки.

-Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување веќе потпиша договор со хрватските власти за сервисирање на двата канадери и уверен сум дека брзо ќе се постапи-изјави Груби за Канал 5.

Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби изјави дека тендерот за организација на настаните поврзани со одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамовен договор бил транспарентен и дека на крајот ќе се види колку тие навистина ќе чинат, потенцирајќи дека трошокот „нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор”.