Иако се вакцинирав со две дози, позитивна сум на Ковид-19, рече Теута Арифи

0
24

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, објави на својот „Фејсбук“ профил дека е позитивна на Ковид-19, иако е вакцинирана со две дози пред еден месец и половина.

-Драги граѓани, вчера по некои мали здравствени проблеми се тестирав позитивна на Ковид-19. Почитувајќи ги сите здравствени протоколи, во следните денови ќе останам во самоизолација, добивајќи ја потребната терапија. Иако примив втора доза на вакцината пред еден месец и половина, вирусот е помеѓу нас и може да зафати секого, напиша Арифи.

Таа апелираше до сите да се вакцинираат, бидејќи поради вакцината симптомите се далеку полесни.