Кокаин и хашиш најдени во автомобил кај Желино, две лица приведени

0
16

На наплатната рампа на автопатот во близината на Желино во акција на полицијата во автомобил „Ланчиа“ пронајдени се 100 грама кокаин и пакување хашиш. Двете лица од автомобилот се приведени.

Попладнево околу 16.30 часот на наплатна рампа Желино на автопатот Скопје-Тетово, во координирана акција од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, лишени се од слобода А.К.(28), државјанин на Р.Словенија и А.Р.(42) од Тетово, соопшти МВР.

„При преглед извршен во патничко возило ‘ланчиа’, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К., каде како совозач бил А.Р., биле пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш. Извршен е увид на лице место од страна на кримтехника при СВР Тетово, а двете лица се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.