Колективниот имунитет, до средината на октомври

0
16

Се очекува колективниот имунитет да се постигне до средината на октомври доколку вакцинацијата продолжува со темпо како и во последните три недели. Министерството за здравство предвидува дека до 15 октомври, околу милиони граѓани ќе бидат вакцинирани со две дози. Големиот број граѓани на сите пунктови за вакцинација по укинувањето на термините и додавањето рестриктивни мерки, придонесоа за повторно отворање на најголемиот центар за вакцинација во земјата. Со 20 места за вакцинација истовремено се очекува да спласнат долгите редици во целата земја. Но, овој пункт се уште не е подготвен.

„Додека здравствените власти најавија дека од среда малата сала Борис Трајковски ќе се претвори во пункт за вакцинација, денес се уште нема движење за нејзина подготовка“.

 

Здравствениот систем е фокусиран на два фронта против пандемијата. Населението масовно се имунизира против варијантата делта, додека лекарите прават се за да ги излечат болните. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се хоспитализирани околу 700 пациенти. Според него, најголем број пациенти кои ги наполниле капацитетите се во болниците во Тетово, Гостивар, Струга и Кичево.

Осум месеци по почетокот на вакцинацијата во земјава, Владата започна кампања за подигање на свеста кај граѓаните „Вакцинирај се за среќни моменти“! Иако постојано имаше повици од властите, граѓаните се упатија во здравствените домови кога беше условено дека без вакцинација нема да има пристап до кафулиња, ресторани, трговски центри итн. Од 1 септември се бара потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или потврда за прележување на граничните премини.