Кризен штаб на Општина Тетово – Првите три недели од септември наставата во Тетово наместо со физичко присуство да биде онлајн

0
21

Кризниот Штаб на Општина Тетово бара онлајн настава, додека не се стабилизира состојбата со КОВИД 19. Физичкото присутво само ќе ја прошири болеста, која според нивните информации ја има и кај децата. Заразата во регионот и натаму не се смирува.

Од Министерството за образование ќе се бара наставата со физичко присуство да се замени со онлајн првите три недели од септември, кога се очекува да се стабилизира состојбата. Ученици во школо кога има брза трансмисија на болеста и заразени меѓу децата уште повеќе ќе ја влоши сосстојбата оценуваат од Кризниот штаб на Општина Тетово

Од вработени во образованието во тетовскиот регион ќе се бара потврда за вакцинација или ПСР тест, а ќе се зголеми и динамиката на имунизацијата како единствен спас од заразата.

Регионалниот пункт за вакцинација во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, ќе биде отворен се додека децата не се вратат со физичко присуство на настава, а моментално се подготвуваат уште три пункта за вакцинација.

Ковид статистиката во тетовскиот регион се уште алармантна.Има нови 5 починати, хоспитализирани плус 14 лица и над 200 амбулантски прегледи.