Кризен Штаб Тетово – Состојбата со вирусот е критична, се бара повеќе пунктови за вакцинација

0
18

Кризниот штаб Тетово кој денеска одржа состанок на кој присуствуваат градоначалничката на Тетово Теута Арифи  претставници од здравствените институции во градот како  и заменик -министерот за здравство Илир Хасани, ја оценија состојбата како крајно сериозна со 1855 активни случаи, каде што само за време на викендот повеќе од 257 лица побарале болничко лекување, поради симптоми и тешка здравствена состојба.

-Во моментов, 120 граѓани се хоспитализирани во клиничкиот центар и се  на кислородна поддршка  а тројца од нив се сместени на респираторни апарати. Во изминатите 24 часа 1 лице го загуби животот.Во однос на вакцинацијата во последните две недели значително е зголемен бројот на вакцинирани, и се движи од 1500 до 1800 дневно кои ја примаат првата доза, а ревакцинацијата достигнува и до 2300 дневни дози, , истакнаа од Кризниот штаб  Тетово

Кризниот штаб побара зголемување на бројот на пунктови за вакцинација, како и нивна дисперзија во околните општини, како што се Боговиње, Теарце, Брвеница, Желино и Јегуновце, со цел да се овозможи  поголем број граѓани брзо и ефикасно да се вакцинираат, со цел да се избегнат редици и собири на постоечките точки за вакцинација во градот.

-Во текот на неделата, во градот ќе бидат отворени дополнителни пунктови за вакцинација, како што се Домот на армијата,  жичарницата на Елем Турс, Центарот за култура во Тетово и амбулантата во село Порој.Исто така, побаравме некои од новите пунктови за вакцинација да работат во 3 смени.Апелираме до матичните лекари  да волонтираат во Здравствениот дом во Тетово со цел да помогнат и да учествуваат во процесот на вакцинација. Се наоѓаме во многу сериозна ситуација и на здравствениот систем му е потребна помош и дополнителни капацитети од медицински персонал , истакнаа од Кризниот штаб.

Оттаму побараа поголема одговорност од граѓаните да не создаваат непотребни редици и собири во Клиничката болница и околните установи, за да се овозможи непречена работа во овој здравствен дом, кој во моментов обезбедува здравствени услуги за повеќе од 200.000 жители на Полог.