Критично во Малешевијата- Битка за спас на селото Мачево

0
15

Огнените стихии во малешевскиот регион се шират без контрола. Нашата репортерка од теренот ни јавува дека е особено критично кај селото Мачево во општина Берово.

Стотици пожарникари, војници и доброволци со часови водат битка со пожарите кои се закануваат да го проголтаат селото Мачево во близина на Берово. Силниот ветар и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарите. Нашата репортерка на теренот ни јавува дека состојбата е тешка и дека се прават напори пожарот да не стигне до селските куќи, обидувајќи се да ја сопрат стихијата на локалниот пат.

Според информациите, од селото се веќе евакуирани некои постари жители и деца, а останатите се вклучени во гаснењето на пожарот.

На терен помагаат и екипи на словенечките и австриските пожарникари.

Дојче Веле