Лондон подготвен да ги евакуира кучињата и мачките од Кабул

0
18

Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави во средата дека ќе одобри воздушна евакуација на кучиња и мачки од Кабул, каде што го згрижил поранешен маринец кој изнајмил авион за да ги евакуира своите авганистански соработници и животните.

Додека илјадници Авганистанци очајнички се обидуваат да ја напуштат земјата по доаѓањето на власт на талибаните, стравувајќи дека повторно ќе почнат да ги прогонуваат своите противници, споменатото прашање веќе неколку дена е тема на јавната дискусија во Велика Британија и доказ за голема приврзаност на нејзините граѓани на животните, пишуваат тамошните медиуми.

„Доколку дојде со своите животни, ќе побараме ‘слот’ за неговиот авион“, напиша министерот Волас на Twitter во врска со заложбата на Пол Фертинг, поранешен војник кој отворил засолниште за кучиња и мачки во Кабул и сега сака да извлече од Авганистан околу 140 кучиња и 60 мачки, како и своите авганистански соработници и нивните семејства.

Британскиот министер за одбрана претходно изјави дека нема „да им даде предност на животините пред очајните мажи, жени и деца кои тропаат на вратата“, на што реагираше активистот за правата на животните Доминик Диер велејќи дека Волас треба да си поднесе оставка.

Сепак, во средата Диер на Twitter изрази задоволсво поради помекиот став на министерот Волас за ова праѓање, велејќи дека тоа е резултат од посредувањето на премиерот Борис Џонсон.

Илјадници Авганистанци од 15-ти јули формираа голам толпа пред и во кабулскиот аеродром кој го обезбедуваат повеќе од 6.000 американски војници, некои со цели семејства, во надеж дека ќе фатат некој од евакуациските летови кои ги организираат западните земји.

Велика Британија досега еакуирала повеќе од 10.200 луѓе. Во досега најголемата во историјата операција на воздушен мост, САД и нивните сојузници евакуриала повеќе од 80.000 луѓе, во прв ред нивните државјани, персоналот на НАТО и загрозените Авганистанци од 14-ти август, ден пред талибаните да влезат без борба во Кабул и да стават крај на странското воено присуство во Авганистан.

Независен весник