Македонската амбасада во Москва ќе остане без ниту еден дипломат, Русија ќе одгoвори на „непријателските активности“

0
18

Властите на Северна Македонија прогласија дипломат во Руската амбасада во Скопје за „персона нон грата“. Овој пат станува збор за вработено лице кое го заврши својот мандат уште пред одлуката да биде објавена, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија на одлуката на македонската влада да протера уште еден руски дипломат.

„За жал, македонската администрација продолжува да чекори по пат на конфронтација, не го зема предвид фактот дека таквите чекори се штетни за билатералните односи. Се разбира, ќе мораме соодветно да одговориме на овие немотивирани непријателски активности“, се вели во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Русија.

Македонија во последните 4 месеци протера двајца руски дипломати. По одлуката во мај, Москва веднаш реагираше со протерување на еден од двајцата македонски дипломати во Русија.