Маричиќ: Ги зголемивме платите во сите сектори, пораснаа и пензиите

0
19

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, вчера оствари средба со граѓаните на Штип.

Заедно со градоначалникот Сашко Николов разговараа со граѓаните за она кое наводно до сега е сработено, но и за она што во следниот мандат треба да се направи доколку ја освојат општинската власт.

Во овие четири години покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, што значи вистинска грижа за секое населено место. Ги зголемивме платите во сите сектори, пораснаа и пензиите а го решивме и деценискиот проблем со стечајните работници. Овде во Штип, во Истокот инвестиравме многу во инфраструктурни проекти. Еден од нив секако е патот Штип – Радовиш каде една фаза е веќе пуштена во употреба. По неколку децении е изграден мост на реката Брегалница, во фаза на реализација е и најважниот проект за овој град изградба на брана на реката Отиња, посочи Маричиќ додавајќи дека со СДСМ и Николов развојот на Штип ќе продолжи и во следните четири години.

Маричиќ порача дека СДСМ останува посветена на политиките кои водат напред, кои носат напредок и развој