Меси не плачеше сам на „Камп Ноу“: Реакцијата на фоторепортерот ги трогна фановите на Барса (Видео

0
18

Лионел Меси ги приреди најболните сцени ова неделно попладне, бидејќи после повеќе од 20 години во клубот, мораше да собере храброст да и каже збогум на Барселона и на сите големи фанови на овој клуб.

Аргентинецот емотивно се сруши како никогаш досега и не можеше да го започне говорот во вип салата на „Камп Ноу“, па со оглед на тоа што беше очигледно дека е навистина потресен, доби и стоечки овации од сите во конференциската соба кои ќе останат вечно во сеќавање на сите кои беа дел од овој настан.

Меси со тешко срце, солзи во очите и растреперен глас и кажа фудбалско збогум на својата најголема љубов во фудбалот, а емоциите во салата беа до толку на високо ниво, што рамнодушен не можеше да остане и официјалниот фотограф на Барселона.

Една од сликите на денот ќе биде и фотографијата на која се гледа како расплаканиот фоторепортер за последен пат следи една прес-конференција на Меси во Барселона, што само доволно говори какво значење имаше Аргентинецот за сите на „Камп Ноу“.