МЗШВ: Исплатени субвенциите за за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози

0
24

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска  на сметките на 11,785 субјекти се исплатени близу 617,6 милиони денари субвенции,се наведува во соопштениерто на МЗШВ.

Исплатените субвенции се за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, како и за сите фармери кои задржале женско јагне.

Исто така со оваа исплата префрлени се и средства за 206 тутунопроизводители во износ од 11.4 милиони денари, кои заради неподмирени долговите за вода и пашарина не беа исплатени.

Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на субвенции и за пчеларство.

Агенцијата, како и досега ќе продолжи со неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството. Земјоделството е наша шанса, Владата, Министерството и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и програми кои го развиваат агро – секторот.