Митко Јанчев сакаше да го смени Мицкоски, а тој го кандидира за уште еден мандат за градоначалник

0
28

ВМРО-ДПМНЕ објави уште една листа кандидати за градоначалници на која шртчи името на Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци, кој беше дел од групата иницијатори за нов конгрес на кој требаше да се смени христијан Мицкоски од лидерската позиција. Еве ја листата што ја објави пратеникот Антонио Милошоски:

Како кандидат за градоначалник на општина Ресен, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери го подржуваат Јован Тозиевски. Тој е вработен во Јавното претпријатие во Ресен, со претходен ангажман во МЗШВ. Претходно бил и член на Советот на Општина Ресен во два мандати. Кандидат за градоначалник на општина Крушево  е Билјана Проеска,професор во гимназијата во Крушево по македонски јазик, каде што работи 20 години, а за општина Делчево е Николчо Стојменовски, доктор по ветеринарна медицина, со претходно работно искуство  во Бугарија и во  Германија.

Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопансвеник, додека за општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов, кој е дипломиран економист, а моментално е вработен во приватна градежна компанија како извршен менaџер.

Кандидат за градоначалник на општина Василево е Славе Андонов, дипломиран правник, за општинаДебарца е Сашо Силјаноски, дипломиран шумарски инженер вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека кандидат за градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев, менаџер на една од најуспешните компании на државата. Предлогот за Јанчев е барање токму  на мнозинството на жителите на Кавадарци.

Кандидат за градоначалник на општина Зрновце е Борчо Коцев, кој магистрирал на Факултетот за безбедност, за општина Кратово е Тодорчо Николовски, дипломиран правник, вработен во 2012 година во општина Кратово.

Независен весник