Мицкоски не дојде на Илинден, но ќе дојде на прославата на Груби

0
25

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој по инерција вели „не“ на сите покани што доаѓаат од функционери на СДСМ, вклучувајќи ја и поканата да присуствува на прославата на најголемиот македонски празник Илинден, сепак „капитулирал“ пред ДУИ, иако и тие се дел од власта што сака да ја урне.

Според најавата од Министерството за политички систем и односи со заедниците, Мицкоски ќе дојде на прославата на Охридскиот договор в петок на која ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, екс-лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, па и екс-премиерот од СДСМ Хари Костов, а од таборот на десницата ќе биде присутен само Љубчо Георгиевски.

На прославата, што наиде на критики во јавноста бидејќи се организира два дена пред заострувањето на мерките против пандемијата, се поканети 300 гости, меѓу кои Хавиер Солана и Џорџ Робертстон.