Пронајдено телото на исчезнатиот од тетовско Теново

0
14

Во водите на реката Вардар кај место викано „Брана“, во атар на тетовско Радиовце, пронајден е удавен 53 годишнот ЗР кој подолг период се водеше како исчезнаат
Од полицијата информираа дека бил забележан човечки труп во реката Вардар.

По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р.(53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот.Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, рече Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Од полицијата информацијата за пронајден канабис во Општина Теарце.

Полициски службеници од СВР Тетово во нива на местото викано „Лапуф“ на подрачјето на Полициското одделение-Теарце, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението Канабис. Според сопственикот С.У.(67) од тетовско Теарце, нивата не била обработувана повеќе години, информираат од СВР Тетово