Над 150 куќи изгореа на остров во Грција, населението е евакуирано (ВИДЕО)

0
62

Манастир и десетина села се обвиени во пожар на островот Евија, 200 километри од Атина, и се чини дека пожарот е надвор од контрола, велат пожарникарите вклучени во неговото гасење.

Дванаесет села ,загрозени од пожарот се евакуирани, а тројца монаси во манастирот Свети Давид кај Ровис, во северна Евија, одбиле да заминат, објавија локалните весници, како што потврдија пожарникарите.

“Пламените јазици околу манастирот се креваат на 30 до 40 метри. Се гушиме од чад”, рече монахот во телефонскиот разговор со грчката новинска агенција АНА.
Заменик -градоначалникот на соседното село, Аргирис Лиаскос, изразил жалење за телевизиската мрежа „Скај“ што „нема воздушна помош во гаснењето на пожарот“.

„Најмалку 150 куќи изгореа“, рече тој.

Поради екстремно високите температури во Грција, денеска избувнаа околу четириесет пожари, вклучувајќи ја и Евија, каде тројца пожарникари се полесно повредени.

Пожар избувна и во близина на селото Олимпија, но археолошкиот локалитет од античките времиња не е загрозен, велат пожарникарите.

Околу сто пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот со помош на три хеликоптери и два противпожарни авиони, додава истиот извор.