Населбата над тетовското теќе конечно доби питка вода за пиење

0
29

Населбата над тетовското теќе конечно доби питка вода за пиење. Се работи за населба каде претежно има дивоизградени објекти од кои веќе голем дел се легализирани.

Проектот за снабдување со вода за оваа тетовска населба лоцирана над тетовското Арабати баба Теќе изнесува 30 милиони денари, и е инвестиција на Општина Тетово и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Се работи за населба каде куќите се изградени на диво, но голем дел од нив како што велат од локалната самоуправа се веќе легализирани.

Најпрвин требаше да започне процесот на легализација, па потоа да се решаваат комуналните и другите проблеми, кои ги мачат овие жители, вели градоначалничката Теута Арифи.

Оваа населба започна да се формира на почетокот на деведесетите година, а последниве две децении се изградија над 1000 индивидуални објекти, претежно на државно земјиште, каде подолг период немаше никакви инфраструктурни и комунални услови за живот.