Груби – На ДУИ не му требаат предизборни коалиции, затоа што нашата партија е апсолутен победник, речиси во сите општини

0
19
На ДУИ не му требаат предизборни коалиции, затоа што нашата партија е апсолутен победник, речиси во сите општини каде што ќе има свој кандидат, рече генералниот секретар на партијата Артан Груби, кој присуствуваше на почетокот на градежните работи за пробивање на булеварот Благоја Тоска во Тетово.

Можеби ќе има некои преговори со нашиот коалиционен патнер за во вториот круг од изборите, но само за две општини, кои сигурно ќе ги добиеме посочи Груби.

Здраво е за опозицијата да има предизборни преговори за подршка, барем малку да ни се приближат конкретно Алијансата за Албанците и Алтернатива на овие локалн избори, рече Груби.

Тој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за пробивање на булеварот Благоја Тоска во Тетово, од каде и даде подршка на актуелната градоначалничка Арифи, која ќе се бори за трет мандат.