Непозната судбината на жената која беше прогласена за жртва во пожарот во Челопек

0
17

Изгорени куќи, плевни, пеплосани ниви и дрвја остави зад себе пожарот што пред неколку дена го зафати Долно Маало во кумановското село Челопек.

Селаните раскажуваат на огнената стихија која во ноќта ги разбудила, па гледале набрзина да избегаат и да се спасат. Благица Јакимовска вели добила телефонски повик дека пожар се наближува кон нивната куќа и со сопругот веднаш го напуштиле домот.

Но за кратко време неколку куќи веќе биле зафатени. Во целата брзаница се обидувале да изнесат што можат но не успеале многу да спасат па дури ни поголемиот дел од стоката.

Борис Димковски, со кого живеела 60 годишната Стојанка Стошиќ, раскажува за брзината со која се раширил огнот и ја зафатил и комплетно ја пеплосал нивната куќа. Вели дека ја забележал Стојанка на влезот од куќата но и дека преплашена пак се вратила внатре. Затоа е убеден дека таа изгорела внатре.

Но и сосетката Благица не верува дека Стојанка навреме успеала да избега.

Сепак истражителите, во речиси изгорената куќа која била направена од камења и кал, досега не успеаја да пронајдат човечки остатоци. Се било пребарано, не само во руините предизвикани од пожарот, околината и бунарот. Стојанка се води како исчезната а официјално од ЈО велат дека:

Во остатоците од опожарената куќа до овој момент не е пронајдено тело на починато лице. Во моментов се преземаат други дејствија за да се утврдат фактите. По настанувањето на пожарот беше приведено едно лице, но се уште нема докази доволни за да поткрепат основано сомнение дека тоа лице е одговорно за настанување на пожарот.

Во Долно Маало во Челопек има и неколку куќи кои биле спасени од огнот. Милан Петковски не се сеќава како што вели во неговите 80 години да се случила ваква катастрофа. Раскажува дека иако неговиот дом не бил опожарен помош им потребна.

Денеска механизација ги менуваше уништените бандери барем да можат мештаните да имаат струја. Но се надеваат и на помош од државата барем да добијат покрив над глава.

Канал 5