Огнот се шири кон Тркање, Кочани не е во опасност вели градоначалникот Илиев

0
16

Десетина граѓани побарале лекарска помош по вдишување чад, а од огнот биле зафатени две куќи во Кочани

Огнот веќе не е опасност за градот Кочани, но се шири во друг дел, вели градоначалникот Николчо Илијев за „360 степени“. Според него, ветрот го сменил правецот, па сега пожарот се префрлил кај селото Тркање.

„Зафатена е една огромна линија каде гори сува трева и нискостеблеста шума, теренот е непристапен, меѓутоа правиме планови како да се справиме со овој дел“,вели Илијев.