Од Африка кон Европа се шири застрашувачки топлотен бран: Во престолнината на Тунис измерени рекордни 49 степени

0
21

Застрашувачки топлотен бран се шири од северот на Африка кон југот на Европа, напишал вчера на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

 

Имено како што навел Данкан, во главниот град на Тунис вчера е измерена температура од вртоглави 49 степени Целзиусови, со што е урнат рекорд.

Просечните температури во Тунис во август се движат околу 30 степени, а вчера е урнат рекорд од јули 1943-та година кога биле измерени 47,4 степени.

“Ова е само почеток на страшниот топлотен бран”, напишал Данкан додавајќи дека вчера на Сицилија е измерена температура од дури 47 степени.

 

Скот Данкан пишува дека следи неверојатен топлотен удар во Шпанија.

Данкан е шкотски метеоролог кој живее и работи во Лондон. Работел во разни сегменти на метеоролошката индустрија, а во последно време изработува временски прогнози и аналитика за пазарот за електрична енергија со голем акцент на обновливите извори на енергија во Европа.

Се повеќе внимание посветува на подобрување на информациите за клучните метеоролошки и климатски настани за оние кои не се во научната заедница. На Твитер го следат 48.000 луѓе.