Од СВР Тетово апелираат за поодговорно однесување на луѓето во шумите и нивите во сезона кога избувнуваат и по дваесетина пожари на ден

0
17

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни, доколку се движат и работат во своите ниви или шуми, да не палат отпад и слама во нивните ниви и да не фрлаат запалени цигари.

-Во рамките на планираните активности за заштита од пожарите, раководсвото на СВР Тетово оствари средба со ловечките друштва и поединци од поширокото полошко подрачје, со кои беше разговарано за законските импликации и правилата и прописите при евентуалните предизвикувања на пожари. Исто така, меѓу другото, се разговараше и за воведената забрана за движење и кампување во шумските предели и дека надлежните институции преземаат зајакнати мерки и активности за контрола на движење низ македонските шуми и превенирање на можните причини за овој вид на загрозување на животната средина, со кое што последната недела се справува целиот регион, рече портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.

Ако пожарот е предизвикан намерно или од небрежност следуваат ригорозни законски санкции, односно поднесоци, кои предвидуваат и затворски казни од 6 месеци до 8 години, во зависност од видот на пожарите, последици и други околности.