Од утре граѓаните ќе можат да ги подигнуваат личните карти

0
18

Граѓаните утре ќе бидат известени каде и во колку часот ќе може да си го подигнат личниот документ. Од МВР уверуваат дека службите продолжуваат интензивно да работат и печатат со цел да им излезат во пресрет на граѓаните, што поскоро да ги добијат своите лични документи.

„Досега се испечатени илјада лични карти, но процесот непрекинато тече, службите работат во две смени, а во текот на утрешниот ден МВР ќе излезе со известување кога и на кој начин тие ќе може да си ги подигаат личните документи./ Одобрувањето и персонализација, односно оние кои најпрви се фотографиле најпрво ќе ги подигнат, но со пропрецизно известување ќе излеземе утре.“ изјави Сузана Прањиќ, портпарол МВР

Од МВР со апел граѓаните да не чекаат пред шалтерите, За да нема гужви – оние граѓани на кои им се веќе испечатени личните карти, датумот и местото од каде ќе може да си ги подигнат ќе бидат известени утре.

Повеќе од 40 илјади граѓани изминативе два месеци останаа без лични карти, бидејќи измените на законот се блокирани од опозицијата со повеќе од 1 500 амандмани.

Изминатиов период се бараше начин како да им се помогне на тие граѓани, да ги завршуваат своите потреби, а банките пред некој ден дозволија граѓаните да вадат пари од нивните сметки и трансакции, приложувајќи пасош или потврда од МВР дека се во процедура на вадење нова лична карта.

Новите лични карти, ќе бидат со новото уставно име и на јазикот на заедниците во земјата. Додека пак, старите лични документи на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.