Осум лица од Гостивар и четири од Тетово ја напуштиле државава, иако имале решение за изолација

0
20

На 19.08.2021 полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамки на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.

На 18/19.08.2021 од полициски службеници на СВР Тетово по извршена проверка било констатирано дека четири лица од Тетово кои имале решенија за изолација ја напуштиле земјата.

Против лицата ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ казниво по член 206 од Кривичниот законик.