Повторно пронајдени насади од Канабис во тетовско, во СВР Тетово пријави за три физички напади

0
38

Полициски службеници од СВР Тетово при преземање службени дејствија, на место викано „Брешчиња“, атар на тетовско Јанчиште, во нива пронашле насади од Канабис. Извршен бил увид, а насадите бил подигнати за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од Полицијата информираат за три физички напади

Вчера во Полициската станица Тетово, С.М.(39) од тетовското село Требош пријавил дека околу 21.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, бил физички нападнат од Ќ.Д.(53) од тетовско Нераште. Според пријавеното, Ќ.Д. користел и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода И.С. од Тетово, затоа што околу 10.30 часот физички го нападнал А.И.(62) од Тетово. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.08.2021 година во 15.30 часот во Полициското одделение Теарце, А.Ј.(42) од тетовско Слатино пријавил дека околу 15.15 часот покрај регионалниот пат Тетово-Јажинце, во тетовско Непроштено, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.