Пожарот кај Кочани зафати куќи во градот

0
17

Исклучително сериозна е ситуацијата со пожарот кај Кочани. Пламените јазиции стигнаа до градот и според првичните информации горат куќи во Кочани меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев.

Сериозна е ситуацијата, се бара помош од сите страни.

https://www.facebook.com/679245572140073/videos/811165826207411/

Пожарникариде со часови се борат да го стават пожарот под контрола, но силниот ветар го разнесува на сите страни.

Според жителите на кочанското село Бели, кое е во непосредна близина на градот, пожарот почнал околу 14 часот. Првично снемале струја, а потоа се распламтил поради ветерот кој го разнесува на сите страни.