Име Вести Македонија Показна вежба на новонабавената опрема за заштита од пожари на Водно

Показна вежба на новонабавената опрема за заштита од пожари на Водно

0
18

Специјален адитив кој ја зголемува вискозноста и лепливоста на водата за гасење на пожарите и спречува нивно ширење ќе биде дел од опремата која ќе се користи за заштита од шумските пожари.

Командантот на скопската противпожаран бригада, Владимир Симоновски, посочи дека за показната вежба е направена заедно со Паркови и зеленило и дека и кај нив е дадена соодветна литража на адитив за брзо спречување на евентуални и почетни пожари.

Симоновски информираше дека од 26 јули до 16 август во целата држава имало вкупно 106 пожари, додека само на територија на Град Скопје од почетокот на месецов до 15 август иамло 129 пожари, од кои 90 биле на отворен простор. Тој се сомнева дека причината за нивното предизвикување во најголемиот дел е човечкиот фактор.