Полицаец убиен со нож кај Пентагон, напаѓачот застрелан

0
15

Полицаец почина откако беше прободен со нож во вторникот за време на насилство на транзитна станица пред Пентагон, а осомничениот беше застрелан од органите на прогонот и почина на местото на настанот, соопштија официјалните лица.

Пентагон, седиштето на американската војска, беше привремено заклучен откако во вторникот наутро беше пукано во близина на влезот на зградата, а полицискиот офицер од Пентагон, кој беше прободен со нож, подоцна почина.

Повеќе детали за насилството се очекуваа на прес -конференцијата во Пентагон. Врската помеѓу пукањето и прободувањето на полицаецот не беше веднаш јасна. Властите веднаш не дадоа детали или редослед на настаните.

Инцидентот се случил на автобуската платформа „Метро“, која е дел од транзитниот центар во Пентагон и на само неколку чекори од Пентагон.

Новинар на Асошиетед прес кој бил во близина на зградата слушнал повеќе истрели, потоа пауза, па барем уште еден дополнителен истрел. Во соопштението на Пентагон се вели дека објектот е заклучен поради „полициска активност“. Агенцијата одговорна за безбедноста на зградата твитна кратко пред пладне дека местото на инцидентот е обезбедено. Заклучувањето беше укинато, освен за областа околу местото на злосторството.

Секретарот за одбрана Лојд Остин и генералот Марк Мили, претседател на Здружениот штаб, беа на состанокот во Белата куќа со претседателот eо Бајден, во моментот на пукањето. (АП)