Првиот вицепрмиер Груби ќе учествува на трибината „Албанската кауза – пред и после Хасан Приштина

0
66

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ќе учествува на трибината „Албанската кауза – пред и после Хасан Приштина”.

Трибината, што е во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе почне во 10:30 часот.

Претходно во 10 часот, Груби ќе положи цвеќе на споменикот на Хасан Приштина во Скопје.

Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 12 часот ќе се одржи проекцијата на документарниот филм „Охрид и потоа” во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера” и Министерството за политички систем и односи меѓу заедници.