Приведен жител на Шипковица, запалил смет и предизвикал пожар

0
20

На 10.08.2021 во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица.

Tој во дворот на угостителски објект кој граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.