Приведен човек од радовишко, осомничен за подметнување пожар

0
16

Полицијата од Радовиш привела човек од село Тополница осомничен за подметнување пожари во село Погулево и Дамјан.

Тој откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот.

Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост имаше три пожари, од кои тој во село Погулево е изгаснат, кај селата Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од село Дамјан се преземаат мерки за негово гасење, стои во соопштението.

Полицијата во неколку наврати изминатите денови апси осомничени за подметнување пожари.