Продавачи на дрога во Тетово и Гостивар, малолетник со марихуана во Охрид,

0
19

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Б.(57) и Б.И.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.08.2021 на паркинг простор на автопатот с.Желино-Тетово, полициски службеници извршиле преглед кај пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори “ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.08.2021 на магистралниот пат Гостивар-Маврово, полициски службеници извршиле преглед во такси возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Притоа, при обид да побегне, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. Од судија на претходна постапка на пријавениот му била одредена мерка притвор.

На 13.08.2021 во СВР Охрид е приведен 16-годишник од Неготино, кај кого при контрола во близина на плажа во Охрид била пронајдена марихуана. Со него, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, извршен е разговор по што ќе следи соодветен поднесок.