Продолжува хаосот на аеродромот во Кабул, во стамепдо загина и двегодишно дете

0
21

Илјадници Авганистанци секојдневно ги преплавуваат патиштата кои водат до интернационалниот аеродром во главниот град во обид да се спасат од талибанската власт.

Неретко се случуваат и стампеда во кои досега животот го загубија 20тина лица а ситуацијата повторно ескалираше откако утринава непознати напаѓачи отвориле оган кон авганистанските безбедносни сили американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека постои реална закана за напад на терористичката организација на Исламска држава во близина на аеродромот.

-Американската војска евакуараше над 28,000 лица откако Кабул падна под контрола на Талибанците. Армијата го прошири безбедносниот периметар околу аеродромот и ги разгледуваме опциите, нашите трупи да останат и подолго од планираниот рок на 31 август за целосна евакуација на нашите соработници.-Џозеф Бајден

Словенија нема да прими ниту еден бегалец, ниту пак ќе дозволи да се повтори мигрантската криза од 2015 порача словенечкиот претседател Јанез Јанша. Тој воедно порача дека Европската Унија, со која Словенија моментално претседава нема ги отвори миграциските коридори за бегалците кои доаѓаат од Авганистан.

-Не е должност на ЕУ или на Словенија да им помагаат и да ги плаќаат сите оние кои бегаат иако би можеле да се борат за својата татковина. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите-членки на ЕУ кои ја штитат нашата граница.- Јанез Јанша – Премиер на Словенија.

Неговата изјава веднаш наиде на отпор од Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли кој му порача дека одлуката за миграциските коридори не зависи само од Словенија туку од Европската Унија како целина.

Кабул падна под контрола на талбанците на 14ти август, и оттогаш илјадници лица кои соработувале со американските трупи чекаат евакуација во некоја од западните земји поради страв од одмазда од новата власт.