Рекордни 101 амбулантски преглед регистрира Клиничката болница Тетово. Во тетовско се бројат и смртни случаи од КОВИД 19

0
17

Се зголемува бројот на амбулантски прегледи на лица суспектни на вирусот во Клиничката болница Тетово. Во тетовско се бројат и смртни случаи од КОВИД 19. За изминативе 24 часа починаа двајца пациенти од вирусот.

Рекордни 101 амбулантски преглед регистрира Клиничката болница Тетово. Податок кој говори дека и натаму ќе се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти. Барем засега ништо не наговестува дека вирусот ќе спласне.

-Единствен спас ни е имунизацијата, затоа што новите соеви ги напаѓаат и лицата без коморбидитет, затоа треба да бидеме многу внимателни, вели д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово

Тетовско и понатаму е на врвот по бројот на позитивни случаи и хоспитализирани пациенти, но се уште на дното по бројот на имунизирани.