ВРИЕ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА – Од почеток на пандемијата моментално во оваа установа се лекуваат најголем број на пациенти

0
24

Преполни Ковид одделенијата при Клиничката болница Тетово. Во модуларната веќе нема место неколку недели. Се отвараат нови одделенија. Вкупно се хоспитализирани 104 лица, само вчера примено се 14 нови пациенти, а починаа четворица.

Семејства на хоспитализирани загрижени, пред модуларната чекаат информации за здравствената состојба на нивните најблиски. Ходниците полни со лекарства, болничките соби преполни.

И останатите одделенија веќе немаат празни места Инфективното и  двата ката од интернето без слободни кревети.

Денеска и нервното одделение е пренаменето во Ковид центар каде се хоспитализирани десетина пациенти. Се подготвува и одделот психијатрија за лекување на ковид болни, а амбулантските прегледи овој период двојно се зголемија

Поради растот на бројката секојдневно се прави и реорганизација на кадарот од другите одделенија. Но болничкиот персонал и условите се лекување не може да го победи вирусот, ако граѓаните и натаму не внимаваат и не ги почитуваат препораките.  

Полошкиот е регион со најголем број на активни случаи. Проценките се дека не сме блиску до пикот на болеста од новиот четврти бран, ако се земе фактот на големиот број на амбулантски прегледи што и натами ќе резултира со зголемен број на хоспитализирани и тешки случаи.