Се полнат одделенијата во Клиничката болница во Тетово со Ковид пациенти. Бројот на амбулантски прегледи за еден ден достигнува и до 70

0
16

Ситуацијата со корона вирусот во тетовско е алармантна. Бројката на хоспитализирани пациенти достигна до 26. Сите со тешка клиничка слика и на кислородна подршка. Болниците ќе се полнат во перидов што следи, ако се земе во предвиде фактот и зголемениот број на амбулантски прегледи. Граѓаните се олабавија и потфрлија,ретко кој ги почитува мерките, велат здравствените работници.

Се полнат одделенијата во Клиничката болница во Тетово со КОВИД пациенти. Бројот на амбулантски прегледи за еден ден достигнува и до 70. Голем дел од нив се со потешки симптоми, и очекувано е дел од нив да завршат во болничките кревети.

Ситуацијата е посериозна од минатата есен. Олабавените мерки и олабавените граѓаните, донесоа лоши резултати.

-Свадби без почитување на препораки, групирањата, печалбарите, донесоа повеќе извори на зараза. Семејни и кластери од прослави, донесен вирус претежно од западно европските земји, ИзјавИ д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центар при Клиничка Болница тетово

Мерките мора да се почитуваат, а вакцинацијата е единствениот спас од вирусот. Голем дел од хоспитализираните пациенти се невакцинирани, бројка која говори дека имунизацијата е најдобра превентива, додава доктор Нуредни

Но интересот за вакцинација во тетовско во последно време според надлежните е намален.

Моментално вакцинација без и со закажан термин се спроведува во спортската сала на медицинското училиште во Тетово каде дневна основа се вакцинираат до 500 граѓани, што е двојно помал интерес од пред еден месец.