Се удирало со се што ќе им дојде при рака: Групна тепачка во кафеана во Дебар Мало, меѓу повредените и директорот на ПОЦ Васко Кичевски

0
18

Ноќеска, нешто пред полноќ во една кафеана во Дебар Мало се случила тепачка каде што нападнат бил и директорот на Паркинзи Општина Центар (ПОЦ) Васко Кичевски.

Имено, според присутните две лица го нападнале Кичевски кој на маса седел во кафеаната седел со уште четири други лица. Нападнатите се бранеле но и возвратиле на ударите, и настанала групна тепача при што на напаѓачите им се приклучиле уште две лица, пишува СДК.мк.

Тепачката не била со голи раце, туку со тврди предмети и стаклени шишиња, чаши, што им дојде до рака на учесниците.

Според очевидци, најмалку една девојка од гостите е повредена од стакло во главата. Според официјалната информација од полиција, пак, расечени се двајцата напаѓачи и двајца од нападнатите, меѓу кои не е директорот на ПОЦ.

-На 10.08.2021 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект во скопско Дебар Маало, со физичка пресметка помеѓу М.С.(35) од с.Бардовци, скопско, Д.А.(36), Е.Д.(36), Б.Т.(36) и В.К.(36), сите од Скопје, од една страна и С.Б.(31), А.Р.(31), двајцата од Скопје и уште две лица, од друга страна. Според пријавеното, притоа биле користени тврди и стаклени предмети, а со повреди се здобиле С.Б., А.Р., М.С. и Д.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдуваат МВР