Си дал отказ, па ги „почестил“ колегите со торта со лаксативи

0
18

Бен Волер (44) од Хјустон Тексас, работел во индустријата за нафта и гас 20 години. Тој заработил многу пари со текот на годините и одлучил да се пензионира порано за да ужива во плодовите на својот труд.

Бен исто така бил среќен што ќе се ослободи од колегите, кои како што можеме да сфатиме од постапката опишана подолу, и не му биле баш многу драги.

Бен имал класична „забава за збогум“, а на неа присуствувале сите колеги. Но, клучен момент од забавата била тортата. Масивна креација направена да личи на буре со нафта.

Бен сакал да си замине на начин што никој никогаш нема да го заборави. И добил „брилијантна идеја“ – да ја „збогати“ тортата со лаксативи. И го направил тоа! Употребил над 10 кутии лаксативен препарат во неговата торта.

На забавата биле поделени 120 парчиња торта во рок од еден час. 100 луѓе завршиле со неконтролирана дијареа.

Хаосот му предизвикал задоволство на Бен Волер, но за кратко, бидејќи набрзо бил откриен. Тој е казнет во затворот во округот Харис под обвинение за кривично дело. Најверојатно никој од поранешните колеги нема да покрене обвиненија, затоа што никој нема да сака јавно да зборува за тоа што го преживеал…