Доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија, кое со своите пожарникари-доброволци помогнаа да се изгасат огромните шумски пожари во Малешевијата, донираа лична пожарникарска опрема на своите колеги од Територијалната противпожарна бригада од Берово.
– Донирана е лична пожарникарска опрема, договор за соработка и обука и создадено силно пријателство со доброволното пожарникарско друштво „Толмин“ од Словенија. Договорена е и поголема донација на пожарникарска опрема која веќе нашите искрени пријатели ќе ја обезбедат со пристигнување во својот дом во Словенија. Планирана и обука во Словенија на нашата противпожарна бригада која би се реализирала во текот на следната година, информираа од oпштината.
– Нашите искрени пријатели, словенските пожарникари ги испративме утрово, симболично со вклучени сирени уште еднаш неизмерно заблагодарувајќи се за помошта која ја дадоа во гаснењето на пожарите, посочија од општината.