Со заедничка фотографија потврдија: Перо Камиказа со Левица во трка за градоначалник на Скопје

0
16

Басистот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа официјално ја доби поддршката од Левица за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. За него уште на стартот, кога објави дека ќе се кандидира како независен кандидат се говореше дека ќе добие поддршка од оваа опозициска партија, но тоа сега се случува официјално.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ова го објави на Фејсбук.