Талибанците со ултиматум до отпорот во Панџшир

0
25

Радикалното талибанско движење им даде рок од четири часа на единиците на отпорот во авганистанската провинција Панџшир да ја пренесат контролата врз талибанците, јави денеска ТВ каналот Ал Арабија.

Според телевизијата, радикалите „му дадоа четири часа на Ахмад Масуд (водачот на отпорот против талибанците) да ја префрли провинцијата Панџшир под контрола на талибанците. Се истакнува дека единици на талибанците се во состојба на целосна подготвеност за да започнат операција за заземање на провинцијата”.

Во исто време, според катарскиот телевизиски канал Ал Џезира, талибанците имаат намера да испратат делегација да се сретне со Масуд во блиска иднина. Членовите на делегацијата на движењето ќе разговараат за „ситуацијата во Панџшир и ќе дадат гаранции за исполнување на барањата на Масуд”.

Извор во северната провинција Паншир вчера за ТАСС изјави дека започнале разговори меѓу Масуд и талибанците. Според изворот, се работи на создавање инклузивна влада и надминување на политичките поделби. Се уште нема податоци за резултатите од преговорите.

На 18 август, извор на ТАСС во провинцијата Панџшир соопшти дека во регионот се формираат групи на отпор против талибанците кои ја презедоа власта во Авганистан. Вкупниот број на формации може да достигне неколку илјади луѓе. Претходно, проиранскиот телевизиски канал Ал-Алам, кој емитува од Бејрут, објави дека вооружените сили лојални на поранешниот потпретседател на Републиката, Амрула Салех, веќе го окупирале регионот Чарикар во провинцијата Парван, од каде ги потиснале талибанците. Лидерот на Националното исламско движење, маршал Абдул-Рашид Достум, испратил 10.000 војници во клисурата Панџшир.