Тетово жариште, за еден ден хоспитализирани 16 пациенти, болниците преполни

0
18
Болничките капацитети се полнат.Пред амбулантите гужви и редици со лица суспектни на вирусот. Се бројат и жртви од КОВИД 19 во тетовскиот регион. Здравствените работници апелираат што поскоро да се вакцинираат граѓаните, оти бројката од над 20 % на имунизирани во регионот е мала, затоа и ширењето на заразата е голема.

 

За 24 часа во Клиничката болница Тетово се хоспитализирани 16 пациенти. Во трите одделенија има 51 Ковид пациент, речиси сите со тешка клиничка слика и на кислородна подршка.

Сликата пред инфективното одделение и модуларната болница, говори дека заразата ќе се шири со уште побрз раст ,ако се земе предвид фактот од над 120 амбулантски прегледи за еден ден.Вакцинација и почитување на мерките тоа е решението, посочуваат здравствените работници

Модуларната болница која започна да работи пред неколку недели е целосно исполнета.И интерното оделение од денеска е адаптирано за Ковид пациенти.Но, просторен капацитет засега се уште има .

Интересот и натаму голем за вакцинација, по порастот на бројот на позитивни и хоспитализирани пациенти.Се очекува процентот од над 20 % имунизирани во тетовско деновививе да се надмине.

Но проблемот со гужвите во регионалниот пункт за вакцинација во Тетово и натаму присутен. Денеска отворен е уште еден влез кој ќе биде наменет само за лица кои се ревакцинираат, со цел воведување на минимален ред, а за неколку дена се очекува да се пушти во употреба и новиот пункт во Здравствениот дом Тетово.