Тетовска свадба за паметење: Заразени младенци направиле голема веселба, дел од гостите завршија на кислородна поддршка

0
18

рв на неодговорно однесување е последниот случај од Тетово, кога младоженци правеле свадба и покрај тоа што имале симптоми на ковид-19.

Случајот го потврди и доктор Илчо Ефкоски од тетовската болница во изјава за порталот СДК.

-Зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадба. Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура. Целата свадба си ја истерале со сите салтанати. Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни, бидејќи самите си ги купиле во аптека. ПЦР тест не направиле. И сето ова како да не било доволно, па братот на младоженецот со семејството, каде дел биле позитивни, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел во Албанија. За ова немаше да се дознае ако зетот да не заврши на Инфективното одделение со пневмонија. Сега следните од семејството се чекаат за хоспитализација“, изјави д-р Ефкоски.