Тетовски автобуси конечно од понеделник ќе ги качат првите патници

0
21

Јавниот градски превоз во Тетово конечно ќе започне со работа од понеделник. На почетокок ќе се обраќаат само на две линии, а билети првите неколку дена кој ќе биде како промотивен период нема да се наплаќаат.

Петте градски автобуси кои 8 месеци стојат паркирани во дворот на противпожарната единица Тетово конечно ќе започнат да се обраќаат низ градот. Најпрвин ќе возат низ главните булевари Маршал Тито и Илинденска. Голем дел од граѓаните ја поздравуваат одлуката, но се скептични како ќе функционира јавниот превоз во сообраќајниот хаос и узурпираните коловози.

Од Јавното претпријатие Тетово Транспорт велат дека се во координација со полициските служби, сообраќајниците каде ќе се обраќаат автобусите и постројките да бидат ослободени. Градскиот превоз за прв пат се воведува, потребно е време за да профункционира како што треба, нови сообраќајни решенија и промена на навиките на граѓаните.

Во автобусите ќе се почитуваат сите здравствени препораки, маска, дезинфекција, а гужвите во овој период кога ги нема студентите и учениците нема да ги има.

Автобусите за кои општината плати 720 000 евра требаше да започнат со превезување на патници од почетокот на годинава, но како што истакнаа од општината поради технички и административни процедури работата се одолжила.

Сега без претходна најава од понеделник ќе стартуваат како што велат од претпријатието бесплатно, со цел промоција на јавниот превоз како најефикасно јавно превозно средство.