Трифонов на ФБ се спротивстави на бугарската помош за пожарите во Македонија

0
16

Спорна е помошта за совладување на пожарите во Северна Македонија, кога пожари горат и во Бугарија,реагира лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов.

Трифонов,вечерва преку Фејсбук ја критикуваше одлуката која ја донесоа претседателот Румен Радев и привремената влада за испраќање на пет противпожарни возила во соседната земја.

„Прекрасно е да си солидарен, да си добар и да даваш поддршка. Но не мислам дека кога горат твојата куќа и куќата на соседот истовремено, ти треба да заминеш да го гасиш тој на комшијата“, порача Трифонов во објавата на ФБ.

„Одлично е што и помагаме на Северна Македонија и така е правилно, но до што води тоа? Кај нас пожарникарите не се доволНи и со пожарите треба да се справуваат шумските службеници“.