Уапсени шест лица од Куманово и две од Албанија за подметнување пожар

0
18

Шест лица од Куманово и две од Република Албанија вчера биле лишени од слобода, под сомнение дека имаат поврзаност со пожар кој вчера избувнал во дебарското село Горно мелничани.

Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во село Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Република Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од село Броштица, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи информира дека вчера е поднесена една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во село Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар.

Шеесетгодишникот се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик, информираат од МВР.