Уапсен осомничен за пресек на доводот на кислород во тетовската болница

0
19

Полицијата приведе 42-годишник од Желино во кој се сомнева дека минатата недела ги оштетил двете бакарни цевки за довод на кислород во кругот на тетовската Клиничка болница.

МВР вчера попладне го привела А.Р. на улица „Илинденска“ во Тетово.и од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 23 август ковид-координаторот од тетовската волница соопшти дека се оштетени две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.

Над цевките се удирало со метален предмет, по што една била пресечена, а другата свиткана