Филипче: Најголем број новоинфицирани и хоспитализирани со Ковид-19 во Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово

0
16
Министерот за здравство најави и една нова мерка: освен на вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале Ковид-19.

Бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 нагло расте, во следните недели ситуацијата може да биде критична, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој меѓутоа уверува дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран на коронавирус, потенцирајќи дека вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна.

Зголемување на бројот на новодијагнностицирани и на хоспитализирани пациенти има посебно во неколку градови како што се Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово…

„Тука се исполнуваат инфективните одделенија, дел од пациентите се префрлаат во Скопје. Инфективната клиника е пополнета со овие пациенти, секако и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во градот Скопје. Сега се активираат останатите ковид центри.  Спремни сме да го дочекаме притисокот од овој бран,” рече Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во Охрид каде разговарал со директорите на болницата и Центарот за јавно здравје за состојбата со болни од Ковид-19, подготовка на капацитетите и евентуалниот прием на болни од други градови.